[ВИДЕО] Роналдињо играше фудбал на песок во ријалити шоуто „Преживеан“

Макфакс

22/02/2024

13:05

2.331

Големина на фонт

а а а

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо (43) влезе во турската верзија на ријалити шоуто „Преживеан“. Од моментот кога ја заврши кариерата, Роналдињо, за да го финансира својот животен стил учествувал во секакви проекти.

Роналдињо играше фудбал на песок со натпреварувачите и ги воодушеви сите со својата појава.

Поранешниот офанзивец на Барселона го помина денот во шоуто, а беше облечен во дресот на Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.

Роналдињо играше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе. Со Бразил беше светски првак во 2002 година, а во 2004 и 2005 година ја освои Златната топка. За Бразил постигна 33 гола на 97 натпревари.