[ВИДЕО] Алвес заглави зад решетки: Некогашниот бразилски репрезентативец осуден на 4,5 години затвор за силување

Дерби

22/02/2024

11:17

2.209

Големина на фонт

а а а

Поранешниот бразилски репрезентативец и некогашен играч на Барселона, Јувентус, Севилја и Пари Сен Жермен, Дани Алвеш е прогласен за виновен за сексуален напад врз девојка од судот во Каталонија.

Веќе некое време траеше судското рочиште за да денеска биде донесена одлуката според која Алвес ќе мора наредните 4 години и 6 месеци да ги мине зад решетки.

Одбраната тврдеше дека легендарниот бек не е виновен за делото кое се товари (силување во ноќен клуб на 30 декември 2022 година), обвинителството пак бараше поголема казна, но судот донесе одлука според која Дани наредниот период, години ќе мора да ги мине во затвор, плус на оштетената ќе мора да и исплати 150.000 евра и плаќање на трошоците.


Алвес има право на жалба и останува да се види дали истата ќе донесе позитивни вести за него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг