[ФОТО/ВИДЕО] Кралот Чарлс за првпат во јавност со солзи во очите

Точка

22/02/2024

11:00

3.344

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс се врати во Лондон откако му беше дијагностициран рак и се сретна со надворешниот свет за првпат по неговата дијагноза.

Иако кралот Чарлс продолжи да ги извршува обврските од дома, овој пат се сретна со британскиот премиер Риши Сунак во Бакингемската палата.

Кралот и Сунак прво разговарале на телефон, а потоа се појавиле фотографии од нивната средба, каде Сунак открил дека е многу среќен бидејќи кралот изгледал добро.

„Сите сме со тебе, земјата е со тебе“, му рекол премиерот на кралот.

Чарлс не е познат по тоа што покажува емоции во јавноста, но овој пат не можеше да се воздржи.

"Добив толку многу прекрасни пораки и честитки. Многу од нив ми донесоа солзи", рекол кралот со солзи во очите.

Фотографиите на кралот Чарлс со солзи во очите набрзо ги преплавија социјалните мрежи.

Да потсетиме, кралот на почетокот на февруари открил дека има рак, оттогаш цело време го поминувал на кралскиот имот во Сандрингем, додека патувал во Лондон на лекување и средби во палатата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг