Ново истражување сугерира: Оваа бавна активност го намалува крвниот притисок повеќе отколку аеробна активност

Точка

22/02/2024

09:22

7.064

Големина на фонт

а а а

Скоро една третина од возрасната популација има висок крвен притисок или хипертензија. Поради ова, таа претставува глобална епидемија и е водечки фактор на ризик за смртност на глобално ниво. Со оглед на напорниот начин на живот, здравата исхрана и редовното вежбање, како најдобра превенција од високиот крвен притисок, често паѓаат во втор план.

Но, новото истражување сугерира дека дури и помалку интензивната активност има придобивки, што треба да им даде надеж на многу луѓе кои сакаат да го намалат крвниот притисок.

Студијата објавена во списанието „JAMA Network Open“ дава детали што откриле истражувачите во Кина. Тимот поделил 342 возрасни лица со предхипертензија во две групи. Едната група изведувала аеробни вежби, како што се трчање, качување по скали, брзо одење и возење велосипед, додека другите вежбале Таи чи. Двете групи учествувале во нивната обука по четири часа секоја недела.

По една година, луѓето од таи чи групата забележале позначителен пад на крвниот притисок од оние кои се држеле до аеробни вежби. Покрај тоа, речиси 22 отсто од учесниците во групата таи чи, повеќе или помалку, ја елиминирале нивната предхипертензија и го вратиле крвниот притисок на нормален опсег, додека само 16 отсто од аеробната група го направиле тоа.

Што е Таи чи?

Таи чи, полно име Таи Чи Чуан, е древна кинеска боречка вештина која се практикува и поради своите одбранбени техники и поради здравствените придобивки кои доаѓаа со нејзино вежбање. Се карактеризира со низа бавни движења, изведени методично и фокусирано, со длабоко внимание фокусирано на дишењето и менталното присуство. Таи чи често се опишува како медитација во движење поради нејзиното смирувачко дејство врз умот и телото.

Основната филозофија на Таи чи се заснова на таоистичките принципи и теоријата на Јин и Јанг, која ја нагласува важноста на рамнотежата и хармонијата во телото и помеѓу поединецот и околината. Вежбањето таи чи може да ја подобри флексибилноста, рамнотежата, мускулниот тонус и да го намали стресот и анксиозноста. Покрај тоа, многу практичари доживуваат подобрувања во општото здравје, вклучително и понизок крвен притисок и подобрена функција на имунолошкиот систем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг