[ВИДЕО] Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Макфакс

22/02/2024

08:41

7.460

Големина на фонт

а а а

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот 1 кај Мале Адумим во централниот дел на земјата.

– Вооружени цивили убиле тројца терористи на лице место – соопшти полицијата.

Тие излегле од возилото и почнале да пукаат во луѓето кои седеле во нивните автомобили.

Се наведува дека двајца терористи биле застрелани и неутрализирани, а третиот кој се обидел да побегне потоа бил лоциран.

Од Брзата помош соопштија дека меѓу повредените има две жени на возраст од 23 и 30 години, како и еден 23-годишен маж кој е во критична состојба, додека двајца мажи се во средно тешка состојба.

– На повеќе локации имало ранети – соопштија од Итната помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг