Некогаш надеж на Милан, денес опасност на патиштата! Фудбалерот предизвика четврти судир во Италија

Точка

21/02/2024

21:16

2.340

Големина на фонт

а а а

Нè извести утрово дека се случила несреќа, рекол спортскиот директор на Емполи.

Не е редок случај да се види талент поради брзо стекнато богатство во младоста да скршне од правиот пат. Еден од таквите примери е Мбаје Нијанг. Некогашниот бисер на Милан веќе некое време не успева на прав начин да му се врати на фудбалот, а само неколку недели откако потпиша договор со Емполи, мора на нова пауза. Причината – судир …

Сенегалецот во вторникот наутро доживеал несреќа на патот кон дома. Спортскиот директор на Емполи Пјетро Акарди открива дека Нианг се враќал од џамија и притоа удрил во неколку паркирани автомобили. Реагирала полицијата и итната помош, фудбалерот итно бил пренесен во болница, а по деталниот преглед било утврдено дека нема потешки повреди.


„Нијанг нè извести дека утрово му се случила несреќа. Од своето доаѓање во Емполи, тој обично оди на молитва рано наутро со други практиканти на својата вера“, рекол Акарди.

Сепак, проблем претставува фактот што Нијанг е повеќекратен повратник во сообраќајните престапи. Во текот на својата епизода во Милано, Сенегалецот возел како малолетник, а откако полицијата го сопрела се обидел да ги лажира документите и да даде возачка дозвола на свој соиграч. Тоа било во 2012-та година, кога почнале неговите проблеми со законот.


Само две години подоцна Нијанг со своето скапоцено Ферари повредил дури 11 луѓе. Сенегалецот тогаш добил условна казна од 18 месеци затвор, а по две години повторно предизвикал сообраќајна несреќа кога си го повредил рамото.

Тој настапувал за Милан од 2012-та до 2018-та година. Покрај овој клуб играл и за Ватфорд, Џенова, Рен, Торино, Монпеље и Бордо, а во финишот на зимскиот преоден рок се вратил во Италија. Нијанг потпишал за Емполи, а со оглед на тоа дека веќе правел проблеми со своите возила, можно е италијанските власти трајно да му ја одземат возачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг