[ВИДЕО] Снимка од 1965 година открива како ученичките реагирале на младиот згоден професор: Кога тој влегол во училницата настанал вистински хаос

Точка

21/02/2024

18:16

5.733

Големина на фонт

а а а

Докторката Меган Ротар од „Wellness Associates of Greater Rochester“, Њујорк, вели дека е вообичаено децата да се „вљубуваат“ или да гаат симпатии кон своите наставници и наставнички.

Во интервју за „Metro Parent“, таа зборувала дека овој тип на емоции е „здрав и позитивен“ бидејќи ваквото искуство помага „учениците да најдат некој кој би им бил добар пример во животот и некој кој би го поттикнал нивниот интерес за учењето, а воедно им помогне да ги откријат своите романтични чувства“.

Снимката од згодниот наставник и реакцијата на ученичките од 1965 година од епизодата „Candid Camera“ е дел од познатиот серијал „Скриена камера“, која првпат започнала со емитување во 1948 година.

Во видеото, група ученички, кои имаат околу 13 години, го запознаваат новиот учител кој креаторите на скриената камера го опишале како „преубав“.

Авторите на скриената камера се одлучиле за маж кој бил пандан на холивудска убавина во шеесеттите години на минатиот век. На видеото, девојчињата се очигледно воодушевени од изгледот на новиот учител, но нивната вистинска реакција се открива кога наставникот ја напушта училницата.

„Очите му се …“, „Премлад е за да биде наставник. Има околу 24 години“, коментирале девојчињата.

Слична скриена камера е изведена со група на момчиња кои запознаваат нова учителка која ја глумела Мис Шведска, Гунила Кнутсон, која ја освоила титулата најубава во 1961 година.

Момчињата, како и во случајот со девојчињата, биле целосно „надвор од себе“ кога нивната „нова наставничка“ ја напуштила училницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг