Ќе им се допадне и на оние кои не ја сакаат како чорба: Потпечена боранија со кашкавал, вкусен оброк во ново руво

Точка

21/02/2024

16:00

10.630

Големина на фонт

а а а

Ако не ви се допаѓа варената боранија, пробајте да ја подготвите на овој начин – потпечена во рерна, со павлака и кашкавал.

Боранијата е вообичаен избор за многу домаќинки кога е во прашање подготовката на ручекот, бидејќи не само што се подготвува лесно, туку е и здрав оброк полн со важни витамини и минерали.

Сепак, иако најчесто ја подготвуваме во чорбеста варијанта, и потпечената варијанта е многу вкусна и хранлива, а ќе им се допадне и на оние кои не се љубители на варената боранија...

Потребни состојки:

- 450 гр. боранија
- 250 гр. пилешко бело месо
- 2 јајца
- 300 гр. кисела павлака
- 150 гр. кашкавал
- главица кромид
- лук, морков
- сол, бибер, зачини по желба


Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, па се пржи во тава со масло. Додајте ги исечканиот морков и лукот (2-3 чешниња), па динстајте и по неколку минути додадете ја боранијата. Зачинете.

Посебно пропржете го пилешкото, па додајте го во боранијата. Потоа ставете сè во огноотпорен сад.

Изматете ги јајцата и павлаката, па прелијте ги врз боранијата. Одозгора изрендајте го кашкавалот.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг