Помлад брат: Кој е Олег Навални, по кого руската полиција издаде нова потерница?

Точка

21/02/2024

22:36

4.340

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи на Русија повторно го стави вчера Олег Навални на потерница, кој е помлад брат на Алексеј Навални, кој почина во рускиот затвор „Поларен волк“ минатата недела.

Не е познато ниту наведено по која правна основа Навални е ставен на нова потерница.

„Олег Навални, 9-ти април 1983-та. Основа за претрес: барање по член од Кривичниот законик. Посебност: повторно огласен, претходна потрага“, се наведува во базата на податоци.

Последен пат руското МВР го додаде Олег Навални на својата потерница во јануари 2022-ра, откако службениците на затворската служба барале едногодишната условна затворска казна, која му е изречена во 2021-ва под обвинение за кршење на прописите за превенција на Ковид-19, да се преиначи во затворска казна.


Пред во февруари 2022-ра година Судот во Москва да го одобри барањето на службениците во казнено-поправната служба, Олег Навални веќе побегнал од Русија.

Тоа барање подоцна било поништено, веројатно поради застареност.

Кој е Олег Навални?

Олег Навални е во самоегзил веќе неколку години, а на јавноста не и познато каде се наоѓа.

Браќата Олег и Алексеј Навални во 2014-та година се осудени за кражба на околу 500.000 долари од две руски компании, од кои едната била поврзана со француската козметичка компанија „Yves Roxher“.

Двајцата се осудени на по три години затвор, но казната на Алексеј тогаш била условна.

Браќата ги отфрлиле обвиненијата, велејќи дека случајот е политички мотивиран – како обид Олег Навални да се претвори во „заложник“ кој би можел да се користи при уцена на постариот брат да се воздржи од политички и антикорупциски активизам.


Додека бил зад решетки, Олег учел англиски и шпански, научил да илустрира, се допишувал со десетина луѓе и напишал неколку статии за руска „Медуза“, за која по излегувањето од затвор го дал првото интервју.

„Во затворот веќе знаеја за мене, па беа љубезни кон мене. Од некоја причина, една од првите работи кои ми ги кажаа беше: „Еј, не грижи се. И Ленин бил во затвор“. Беше неверојатно како луѓето ме споредуваа со Ленин, таа споредба беше многу логична“, рекол тој тогаш.

Олег Навални е роден на 9-ти април 1983-та година во Русија. Со сопругата Викторија има два сина, Остап и Степан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг