[ВИДЕО] Дали знаете за што служи овој мал затворач на вратата од автомобилот? Може да биде од голема помош

Точка

21/02/2024

13:01

6.022

Големина на фонт

а а а

Автомобилите имаат голем број додатоци за кои многу возачи не ни знаат.

Автомобилските конструкции се оптимизирани за да можат што подобро да се справат со условите во кои се наоѓа самиот автомобил, и секако истите се направени по стандардите пропишани од државните органи. Автомобилот мора да биде сигурен и безбеден, а исто така мора да трае.

Кај лимот на автомобилите, најважно за неговото одржување и траење е тој да не дојде до можност за корозија. Бидејќи тоа подразбира создавање на сува средина која е помалку агресивна, каросеријата има голем број одводни канали. Тие се наоѓаат и во вратата, што значи дека во долниот дел има отвори за ослободување на насобраната течност.

По силен дожд или по посета на автоперална, водата може да се акумулира во вратата. Со едноставен потег, вие сами може да ја исфрлите. Кај автомобилите кои немаат трајно достапни отвори, потребно е да се извади приклучокот и да се остави водата што се акумулирала во одводниот канал да излезе.

Истите канали се наоѓаат под шофершајбната и багажникот и често се блокираат, што може да предизвика бројни проблеми.

Еве како можете да ги исчистите тие канали:



Спонзорирани линкови

Маркетинг