[ВИДЕО] Весна Бејби за ќерката Мина која беше жртва на педофил: „Ја допирал и ѝ дал 500 денари за да молчи, кога го видов двајца полицајци ме држеа за да не го задавам“

Точка

20/02/2024

23:17

9.910

Големина на фонт

а а а

Весна Петрушевска вчера гостуваше во поткастот на Јутјуберот Стефан Лазаров, каде помеѓу другото зборуваше и за ќерката Мина која во 2016 година беше жртва на педофилија.

Актерката во интервјуто отворено зборуваше за немилиот настан, како се одвивал истиот и за храброста на нејзината ќерка да истапи и да ја каже вистината.

„Таа беше кај татко ѝ на викенд, инаку многу сакаше да вози точак и возела, саат и пол ја снемало. Тука се работеше само за допири, тоа било во гаража. Ѝ рекол само „утре пак ќе те барам“ и се претставил како Сашо, иако тоа не му беше името. Јас одма провалив сè. Ѝ дал 500 денари за да ќути“, вели Весна во поткастот.

Актерката додаде дека во моментот Мина имала само 11 години и од тој страв што да прави, веднаш кажала на брат ѝ.

„Кирил ми се јави, отидов да ја земам, тоа беше во Капиштец, и само ја седнав во кола и ја гледав дека цела беше лом направена. И викам „океј, сега ќе одиме во полиција. Јас точно знаев дека ѝ се случило тоа“.

Петрушевска изјави во поткастот дека најголемото херојство што Мина го направила е што кажала на полицијата. Таа раскажала и за моментот кога го видела сторителот.

„Јас летав по маси, мене ме држат двајца полицајци, јас ќе го задавев. Ти немаш тука контрола“, додаде актерката.

Во поткастот, Петрушевска откри дека тој добил 12 години затворска казна за стореното дело и дека пред неколку месеци од неговиот адвокат дознала дека починал.

Во продолжение можете подетално да ја слушнете целата приказна (02:07:10), како и целото интервју: