Лејди Гага е позната како поп-ѕвезда која носи иновации или меѓу првите ги усвојува, а изгледа дека тоа се однесува и на превозот.
Новите фотографии ја прикажуваат Лејди Гага во еден од новите модели на „Tesla Cybertruck“ – конкретно, се гледа како носи кафе во рака и седнува на совозачкото седиште на овој пикап.
Изгледа дека само оние со добри врски засега успеале да дојдат до новото хит возило на „Tesla“, бидејќи меѓу купувачите бил и сопругот на Серена Вилијамс, ко-основачот на „Reddit“ Алексис Оханијан, додека некои ѕвезди, како Спајк Ли, сè уште се на листата на чекање.
— v (@ViralThingz) February 16, 2024
Гага се забавува со директорот на фондацијата „Parker“ Мајкл Полански од 2020-та година, а двајцата неодамна биле фотографирани на „Superbowl“ додека навиваат за екипата на Сан Франциско.
Бидејќи и порано Полански бил фотографиран во возила на „Tesla“, можно е и овој „Cybertruct“ да е негов.
На барањето за коментар од странските медиуми, Полански сè уште не одговорил.