Револуција: Пристигнува телефон без апликации, што мислите за тоа?

Точка

19/02/2024

18:50

7.698

Големина на фонт

а а а

Претстојниот „MWC“ ќе ни донесе многу иновации, а една од нив би можела да биде и многу необичен мобилен телефон.

Мнозинскиот акционер на компанијата „T-Mobile“, „Deutsche Telecom“, најавил дека наскоро во Барселона би можел да биде претставен телефон кој воопшто нема апликации, туку се потпира исклучиво на вештачка интелигенција.

„Deutsche Telecom“, „Qualcomm“ и „Brain.ai“ ги здружиле силите за да го направат овој уред, наречен „T-Phone“. Телефонот веројатно ќе работи на „Snapdragon 8 Gen 3“ процесор со вградена „AI“ обработка.


„Qualcomm“ го претстави овој „ѕвер“ кон крајот на минатата година, целта е да се подобрат вештините на вештачката интелигенција на мобилните уреди, посебно кога станува збор за фотографирањето и снимањето видеа.

„Вештачката интелигенција и големите јазични модели наскоро ќе бидат составен дел од мобилните уреди. Ќе ги подобриме животите на корисниците“, рекле од „Deutsche Telecom“.


Веројатно и не се далеку од вистината – последната година или две ги одбележа продорот на вештачката интелигенција во сите пори на технологијата, што посебно се гледа во растот на популарноста на „ChatGPT“.

Уредот може да врши работи како резервирање на летови и хотели, на пример, а преку гласовни команди можете да му наредите да го испланира вашето следно купување, да направи видео-записи или да ги среди вашите фотографии.


Ова е секако интересен концепт – ќе биде интересно да се види како ќе изгледа телефон без апликации, со оглед на тоа дека денес е тешко да се замисли секојдневниот живот без нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг