Доколку сакате кремасти десерти без печење, белиот „лажен“ шварцвалд е идеален рецепт за вас.
Доколку сте љубители на едноставните и кремасти десерти без печење, а со совршен вкус, тогаш тортата бел шварцвалд е вистинскиот избор за вас.
Класичната шварцвалд торта се прави поразлично, а ова е една од нејзините поедноставни, но еднакво вкусни верзии, без печење.
За кора:
- 250 грама мелени бисквити;
- 50 грама мелени лешници, бадеми или ореви;
- 2 лажици бел крем;
- 100 грама путер;
- 70 милилитри сок од портокал.
За овошен фил:
- 200 грама вишни;
- 100 милилитри вода;
- 3-4 лажици шеќер;
- 2 полни лажици густин.
За бел фил:
- 200 грама крем-сирење;
- 3 лажици шеќер во прав;
- 1 ванилин шеќер;
- по потреба кремфикс.
За глазура:
- 100 грама бело чоколадо за готвење;
- 50 милилитри слатка павлака.
1. За кора: Помешајте ги бисквитите и мелените ореви (бадеми или лешници), па додадете го кремот и стопениот маргарин. Добро соединете, па додадете го сокот од портокал. Во плех со пречник 22 сантиметри, ставете ја смесата, па обликувајте кора.
2. За овошен фил: Вишните и водата сомелете ги во блендер, додадете го шеќерот и густинот, па варете до посакуваната густина. Оставете да се излади, па ставете го филот над кората и израмнете. Оставете да се излади.
3. За бел фил: Помешајте го крем-сирењето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Добро соединете. Изматете ја слатката павлака со крем сирењето и продолжете да матите. Белиот слој премачкајте го над овошниот.
4. За глазура: Слатката павлака ставете ја на пареа заедно и со чоколадото. Прелијте го колачот и оставете да зацврсти.
На здравје!