Колку чини новиот „Golf“?

Точка

19/02/2024

13:01

7.082

Големина на фонт

а а а

Редизајнираниот компактен хечбек, кој до неодамна беше најпродаван автомобил во Европа, ја носи ознаката „Golf 8.5“ и доаѓа на европските патишта набрзо по своето деби. Произведувачот одлучил неговото лансирање на пазарот да го одбележи со посебната верзија „Edition 50“, што асоцира на 50-тиот роденден на „Golf“, односно половина век од дебито на првата генерација на овој модел.

Специјалната верзија најавува и нова почетна цена, која во Германија стартува од 27.180 евра, односно 28.280 евра за караван верзијата „Variant“.

Основниот модел под хаубата има 1.0 TSI бензинец со 115 коњски сили, комбиниран со 6-брзински мануелен менувач. Интересно е дека основниот модел се испорачува со челични бандажи од 15 инчи.


Кога станува збор за верзијата „Edition 50“, таа е заснована на „Style“, а покрај стандардната опрема има и ознаки „50“ и „Edition 50“, за специјалната серија да се разликува од подоцнежните варијанти.

Покрај тоа, тука се и специјалните алуминиумски фелни од 18 инчи, „LED“ лента на предната маска и затемнети задни стакла. Во кабината, „Golf“ добива ексклузивни детали како што се ножните команди од не’рѓосувачки челик.


Купувачот исто така добива најнапреден „Discover“ мултимедијален систем со екран од 12,9 инчи, кој, меѓу другото, вклучува „Chat GPT“ интеграција.

На листата опции е само „Plus“ пакет со панорамски кров, „head-up“ дисплеј и „IQ. Light“ матрични „LED“ светла.


Кај верзијата „Edition 50“, единствена погонска опција е „1.5 TSI“ со 150 коњски сили, додека на вака опремен автомобил е 36.820 евра.

Во конфигураторот на официјалниот сајт може да се изберат бројни верзии и нивоа на опрема за „Golf 8.5“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг