Единствениот македонски збор кој е застапен и во турскиот јазик: Ќе се изненадите кога ќе прочитате што Турците зеле од словенските јазици по повеќевековното мешање

Точка

19/02/2024

10:40

30.058

Големина на фонт

а а а

Дека македонскиот јазик е полн со турцизми не е ништо ново. Тоа се зборови преземени од турскиот јазик и се особено карактеристични за јазиците на народите кои биле под власта на Отоманската империја – грчки, бугарски, српски, ерменски, се разбира, македонски. Сепак, ова е единствениот македонски збор во турскиот јазик.

Се верува дека турските окупатори „во аманет“ ни оставиле над шест илјади зборови. Некои од нив се застарени, па дури и целосно надвор од употреба, но ние и понатаму секојдневно употребуваме најмалку три илјади зборови кои сме ги попримиле од турскиот јазик.

Бурек, будала, бавча, тегла, џеб, џем, џин, мајмун, памук, папучи, пари, пита, ракија, ковчег, чанта, топ, занает … се само дел од нив.

Меѓутоа, не биле само Македонците оние кои „позајмувале зборови“.


Повеќевековното мешање на народите довело до тоа да и Турците усвојат и почнале да користат некои словенски зборови. Некои локални експерти сметаат дека има дури 1000 такви зборови на турски јазик, но реално повеќето од нив повеќе не се употребуваат, или пак се користат ретко.

Интересно е што најмногу останале изрази кои се однесуваат на административните називи, правни норми, како и рударството.

Во секојдневниот говор на Турците може да се сретнат само неколку зборови од словенско потекло – крал/кралица, чета, вишна, коса (алатка) …

Меѓутоа, само за еден збор со сигурност може да се каже дека е наш – Божиќ.


Турците овој збор го изговараат како „Боџук“, а го користат и зборот Ноел, но тогаш се мисли на католичкиот Божиќ – 25 декември.

Кога велат „Боџук“, мислат на празникот на празникот на Христовото рождество – 7 јануари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг