[ФОТО] Емили Ратајковски во танга-бикини ужива на плажа: Моделот ја зголеми температурата со својот сексапил

Точка

18/02/2024

23:48

13.232

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски, еден од најпознатите модели на светот, во текот на викендот уживала во сончањето и опуштањето на една популарна плажа во Мајами.

Очекувано, папарацо фотографите ја фатиле бринетата, па направиле низа фотографии кои јасно покажуваат како оваа дама изгледа без филери.

Емили на плажата пристигнала во кратко фустанче со леопардски принт и детали од црна чипка, но набрзо потоа се соблекла по бикини и го покажала своето витко тело.


Славната 32-годишна жена избрала да носи минијатурно, дводелно бикини на врзување кое било бело и со впечатлив дезен, долниот дел од бикинито се состоел од танга.

Ова издание за на плажа Ратајковски го надополнила со тренди очила за сонце и ефектни сребрени обетки, а иако немала шминка, на усните носела само безбоен сјај.


Дизајнот на ова бикини го потпишува самата Емили која од 2017 година има своја линија на костими за капење „iNAMORATA“. Овој бренд е многу успешен, а секако дека манекенката си е најдобра реклама за самата себе.

Да ве потсетиме, таа важи за една од најзгодните жени во светот на шоубизнисот, а на своите фотографии често става акцент на задникот и своите стомачни мускули.


Емили на својот сексапил и изглед заработува милиони, уште откако во 2013 година се прославила во спотот на песната „Blurred Lines“ во којшто се појавила во танга.

Во меѓувреме таа се прославила и како една од највлијателните славни дами на Инстаграм, а на оваа платформа редовно споделува свои разголени фотографии.

Од почетокот на 2013 година до денес, атрактивната Британка ја зацврстила својата позиција од најбаран и најпрепознатлив модел на светот, а нејзините изданија на црвениот тепих и во приватниот живот главно се провокативни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг