И постари модели на „Samsung“ ги добиваат овие „AI“ функции

Точка

17/02/2024

19:52

8.455

Големина на фонт

а а а

Кога „Samsung“ ја најави „Galaxy S24“ серијата, компанијата открила дека одредени „Galaxy AI“ функции доаѓаат и на постарите телефони. Сега и официјално е потврдено кои „AI“ можности доаѓаат на постарите уреди на „Samsung“.

Според информациите на Мишал Рахман, британски „Samsung“ потврдил барем четири „Galaxy AI“ функции кои ќе дојдат на старите уреди. Тоа се „Circle To Search“, „Live Translate“, „Note Assist“ и „Photo Assist“.

Можноста „Circle to Search“ ви овозможува да означите, исцртате или да одберете што било на екранот и да започнете со пребарување на „Google“ за тоа. Со помош на „Live Translate“ можете да преведувате повици во реално време, а доволно е едно лице да има соодветен „Galaxy“ уред. „Note Assist“ ви помага креирање на резимеа и нивно обликување, а „Photo Assist“ носи генеративно уредување во „галеријата“.

„Samsung“ претходно најави дека „AI“ функциите на „Galaxy S24“ ќе се појават и на „Galaxy S23“ серијата, „Galaxy S23 FE“, „Galaxy 3 Fold5“, како и „Galaxy Tab S9“ серијата во текот на првата половина оваа година. Се очекува дека ќе дојде заедно со „One UI 6.1“ ажурирањето.

Не е познато дали во иднина ќе пристигнат и преостанатите „AI“ можности како генеративните позадини, „Chat Assist“ и другите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг