3 фризури кои имаат ефект на фејслифтинг: Ги „бришат“ годините од лицето и се идеални за жените над 50 години

Точка

17/02/2024

19:27

14.495

Големина на фонт

а а а

Доколку новата сезона ве инспирира да ја промените фризурата, а не знаете во која насока да одите, имаме различни предлози за посвеж и помодерен изглед. Шишките и степенастата коса се попопуларни од кога било досега, па не е чудно што главните трендови ги опфаќаат токму нив.

„Пред многу години, модните списанија им кажуваа на жените дека штом ќе наполнат одредени години, време е да ја скратат косата, но таквото размислување е завршено“, вели лиценцираната фризерка и шминкерка Андреа Клер.

Па, кои се актуелните фризури кои делуваат како фејслифтинг за жените над 50 години?

Модерен „shag“

„Една од моите омилени свежи фризури кои веднаш прават да изгледате помладо е модерната „shag“ фризура со шишки и текстурирани слоеви коса. Колку повеќе слоевити прамени, толку е поатрактивен изгледот. Покрај тоа, косата изгледа многу природно, и одговара на сите форми на лице“, истакнува Андреа.

Класичен боб

Доколку сепак претпочитате пократка фризура, Андреа тврди дека класичниот боб никогаш не излегува од мода. Тенката коса ќе изгледа погуста, особено ако ја стилизирате, но заборавете на измазнетата коса - таа треба да изгледа природно и лелеаво.

Коса со средна должина и „шишки завеси“

Има ли поотмена фризура од онаа исфенирана, со должина до рамена и со шик „шишки завеси“? Во Франција ја нарекуваат и „The French Facelift“ бидејќи го омекнува изразот и визуелно ги „брише“ годините, а ја обожуваат и 50+ ѕвезди како Голди Хоун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг