Коренот на валеријана содржи масла, естри и други соединенија, кои како активни состојки се одговорни за способноста на коренот на ова растение да произведува смирувачки ефект врз централниот нервен систем, пишува „Д-р Акс“.
Името на растението валеријана доаѓа од името „Valeria“ и латинскиот глагол „valere“ што значи „да се биде силен, здрав“. Како лековито растение се користи уште од времето на античка Грција и Рим.
Хипократ ги опишал неговите својства, а Гален подоцна го препишувал како лек против несоница. Се користел и како лек за епилепсија до 19. век. Истражувачите открија дека изовалеринската киселина, хемикалија содржана во ова растение, може да спречи напади, слично на дејството на антиконвулзивниот лек валпроична киселина.
За подобар сон
Истражувањата покажуваат дека валеријаната го скратува времето потребно за заспивање и го подобрува квалитетот на сонот. Па, ако не можете да заспиете, валеријата е токму она што го барате. За разлика од многу лекови, валеријаната има помалку несакани ефекти и е многу помала веројатноста да предизвика т.н. утринска поспаност.
Во една студија спроведена од Здравствениот центар Фелинге во Шведска, ефектите на валеријаната врз неквалитетниот сон биле значајни. Од учесниците во студијата – 44 проценти пријавиле совршен сон, додека 89 проценти пријавиле подобар сон откако консумирале корен од валеријана. Дополнително, кај оваа група учесници во студијата не биле забележани никакви негативни ефекти.
Коренот на валеријана често се комбинира со други седативни билки како што се хмељ и маточина за лекување на нарушувања на спиењето. Една студија на деца со мали проблеми со спиењето објавена во списанието „Phytomedicine“ покажа дека 81 процент од децата кои земале билна комбинација од валеријана и маточина изјавиле дека спиеле многу подобро од оние кои земале плацебо.
Како точно коренот на валеријана ви помага да спиете толку добро? Валеријаната содржи хемикалија наречена линарин, за која е докажано дека има седативно дејство. Екстрактот од валеријана може да предизвика седација со зголемување на нивото на гама-аминобутерна киселина (ГАБА) во вашиот мозок. ГАБА е инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем и во доволно големи количини може да предизвика седативно дејство, смирувајќи ја нервната активност.
Резултатите од студијата ин витро сугерираат дека екстрактот од валеријана може да предизвика ослободување на ГАБА од мозочните нервни завршетоци и потоа да го блокира неговото враќање во нервните клетки. Покрај тоа, валеријаната киселина го инхибира ензимот кој ја уништува гама-аминобутерната киселина, што е уште еден начин на кој валеријаната може да го подобри нивото на оваа важна киселина и да промовира одличен ноќен одмор.
Ja намалува анксиозноста
Научниците открија дека коренот на валеријана, особено валеринската киселина, ја зголемува количината на гама-аминобутерна киселина.
Лековите како алпразолам и дијазепам исто така делуваат со зголемување на количината на ова соединение во мозокот. Валериновата киселина, валеринската киселина и валеренолот содржани во екстрактот од коренот на валеријана делуваат како агенси против анксиозност, односно вознемиреност.
Овој хербален лек може да ги има истите антианксиозни ефекти како и лековите на рецепт, без негативните ефекти на психотропните лекови. Меѓутоа, важна забелешка е дека ако земате други седативи или антидепресиви, не земајте валеријана во исто време. Ова се однесува на чаевите, тинктурите или екстрактите во капсули, како и на сите други препарати кои содржат валеријана.