[ВИДЕО] Босанка која живее во Америка се расплакала на едно прашање на улична анкета: Она што го рекла го трогна цел Балкан

Точка

16/02/2024

17:07

15.761

Големина на фонт

а а а

Американскиот медиум „Dose of Society“ објави видео анкета на ТикТок која ја спровеле меѓу случајните минувачи, а меѓу нив се нашла и една госпоѓа од Босна и Херцеговина која заминала во Америка во 1998 година.

Новинарката ѝ поставила едно навидум обично прашање: „Каков совет би ѝ дала на младата себе?“, а таа одговорила: „Ја преживеав војната во раните 90-ти. Доаѓам од Босна, се преселивме овде во 1998 година. Ѝ благодарам на Америка затоа што нè прими и нѝ даде способност да правиме што сакаме во нашите животи“.

„Јас сум медицинска сестра, работам на хирургија, секојдневно гледам секакви ситуации. Можам само да им кажам на луѓето да уживаат со своите сакани, да поминуваат што е можно повеќе време со семејството и да уживаат во животот. Бидете благодарни што станувате секое утро и што сте здрави, што имате работа и тоа е тоа“, рекла таа.

Кога новинарката ја прашала зошто ставила акцент на саканите личности, госпоѓата објаснила како за време на војната била одвоена од семејството и изгубила драги луѓе.


„Секој пат има сè повеќе гробови“

„Сега ќе ме расплачете затоа што изгубив многу луѓе во војната. Бевме разделени и некои од нив починаа. Едноставно не ги гледате и ви недостасуваат. Луѓето прашуваат дали нѝ недостасува домот. Да, нѝ недостасува. Всушност, секој пат кога ќе одите дома, има сè повеќе гробови кои треба да ги посетите. Затоа е многу важно да поминувате време со вашите сакани“, изјавила жената низ солзи.

„Разорните ефекти на војната“, гласи описот на видеото кое трогна многумина.

„Јас сум од Хрватска, ја чувствувам вашата болка...“, „Каква прекрасна жена со силна порака“, „Јас сум од источна Европа, ова ме расплака“ се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг