„OpenAI“ ja претстави програмата наречена „Sora“: Претвора реченици во видео, на мрежите веќе кружат неверојатни снимки

Точка

16/02/2024

15:02

6.579

Големина на фонт

а а а

Калифорниската компанија „OpenAI“ на својата веб-страница претстави нов модел на генеративна вештачка интелигенција „Sora“, кој може да креира кратки видео-снимки на основа на внесен текст.

„"Sora“ е во состојба да генерира сложени сцени со повеќе ликови, специфични типови на движења и точни детали на субјектите и позадината. Моделот разбира не само што бара корисникот од него, туку и сфаќа како работите постојат во физичкиот свет“, се наведува на веб-страната на „OpenAI“.

Максималната должина на видеоснимките кои во „Full HD“ резолуција засега е една минута.

Принципот е сосема едноставен за корисниците, кои самите треба да напишат сценарио (или „Prompt“) и да и дозволат на „Sora“ да работи, така што технологијата може да замени и некои помалку квалитетни аниматори, но и да помогне при снимање на филм.

Компанијата на својот сајт претставила некој „AI“ видеоснимки кои го прикажуваат Токио прекриен со снег, трка на мамути, елегантна жена која чекори по улиците на главниот град на Јапонија, космонаути во вселената и друго.

„Sora“ засега не е достапна за пошироката јавност, туку само за мала група академици и други истражувачи кои ја истражуваат потенцијалната опасност која може да настане со злоупотреба на оваа технологија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг