[ВИДЕО] Нејзината ќерка малтретирала врсничка на училиште, а на реакцијата на мајката сите аплаудираат: „Да имаше повеќе вакви родители“

Точка

15/02/2024

16:52

7.731

Големина на фонт

а а а

Една мајка по име Никуе ја натерала својата ќерка да направи подарок за извинување за девојче кое го малтретирала со другите деца на училиште.

Процесот во кој нејзината ќерка избира подароци за да му се извини на злоставуваното девојче е снимен и споделен на ТикТок. Кратко откако мајката го објавила видеото, тоа стана вирално и е прегледано над 8 милиони пати од неговото објавување.

Кога Никуе била дете, таа самата била жртва на врсничко насилство. Кога дознала дека нејзината ќерка била едно од децата кои го прават тоа на некој друг, решила да реагира. Таа ја натерала нејзината ќерка да подготви корпа за извинување со подароци и рачно напишана белешка до девојчето од нејзиниот клас. Во корпата ставиле работи како дневник, маски за лице, ѓердани и прибор за изработка на нараквици и извинување од нејзината ќерка.


Во коментари, многумина се огласиле и ја пофалиле реакцијата на мајката.

„Малтретирањето е траума која не нè напушта дури и кога ќе пораснеме. Ти благодарам што ѝ покажа на твојата ќерка дека не е во ред“, „Со ова го излечи моето внатрешно дете. Ти благодарам“, „Да имаше повеќе вакви совесни родители“, „Така треба, мамо! И кај нас не се трпи злоставување“, „Вака најдобро ќе научи. Одлична реакција од твоја страна“, се дел од коментарите под видеото.