Не излегувала од креветот на музичката легенда сè додека не ја оставил сопругата: Му го растурила бракот, па молела за прошка – со овој потег ја изненадила јавноста

Точка

12/02/2024

14:00

17.541

Големина на фонт

а а а

54-годишната Лусијана Хименез е поранешна љубовница на легендарниот музичар Мик Џегер, со кој има син, а позната е по тоа што дефинитивно знае како да ужива во животот.

Неодамна таа го привлекла вниманието со фотографии на кои во бикини позира на снег.


Иако медиумите редовно пишуваат за неа, оваа убавица не стекнала светска слава поради кариерата, туку поради врската со рокерот Мик Џегер. Имено, со 80-годишниот пејач на „The Rolling Stones“ таа има 24-годишен син, Лукас, кој е плод на аферата која Џегер ја имал зад грбот на својата тогашна партнерка Џери Хол.


По осум месеци гледање во тајност, Лусијана открила дека е бремена, а токму тоа била причината за крајот на врската на Мик, која тој со Џери ја негувал цели 22 години. И самиот Џегер тогаш признал дека тоа била последната капка која ја „прелила чашата“.

„Не знам што мисли за мене, но можам да разберам дека веројатно ја повредив“, своевремено изјавила Лусијана.

Потоа открила и дека ѝ испратила писмо во кое бара прошка.


„Не ми одговори. Навистина не очекував таа да го стори тоа, но сакав да знае дека ми е жал. Луѓето забораваат дека може да се заљубиш во некого, без разлика дали е богат и славен или не. И богатите сакаат. Сè е исто. Не е важно. И онака сите ќе умреме на ист начин“, заклучила таа.

Мик сега е во врска со 46-годишната балерина Мелани Хемрик, заедно се од 2014 година, а го имаат синот Деверо Октавијан.


Јавноста често е заинтригирана од љубовниот живот на Џегер, а неговите блиски тврдат дека тој е во отворена врска со балерината. Уште додека била бремена, музичарот неретко бил гледам во друштво на манекенката Маша Руденко. Потоа се појавиле гласини за неговата романса со младата продуцентка Нур Алфалах, која го придружувала на концертите. Минатата година го доби синот Роман со Ал Пачино.

Џегер со својата прва сопруга, адвокатката Бјанка де Масијас (78), има ќерка, дизајнерката на накит Џејд Шина (51). Втор пат судбоносното „да“ го изговорил пред актерката Гери Феј Хол (66), која му родила две ќерки, манекенките Елизабет (39) и Џорџија Меј (31), како и синовите, актерот Џејмс (37) и моделот Габриел (25).

Рокерот го добил синот Лукас Маурицио Морадо (24) со манекенката Лусијана Хименез (54), додека со писателката и пејачка Марша Хант (76) има ќерка, актерката Карис (51).


Многумина веруваат дека Мик никогаш нема да се смири откако во 2014 година ја загуби љубовта на својот живот, модната дизајнерка Лорен Скот.

Нивната врска траела повеќе од 10 години, а потоа во 2014 година дизајнерката ставила крај на својот живот.


„Сè уште се обидувам да разберам како мојата сакана и најдобра пријателка можеше да го згасне својот живот на таков трагичен начин. Имавме многу прекрасни заеднички години“, изјавил Џегер по нејзината смрт.