[ФОТО] Бајковита вила на Беверли Хилс: Стариот дом на Бред Пит и Џенифер Анистон сѐ уште е нешто најслатко што Холивуд некогаш го видел

Точка

12/02/2024

13:17

106.862

Големина на фонт

а а а

Луксузната вила во која живееле Бред Пит и Џенифер Анистон додека биле во љубовна врска, сѐ уште се смета за еден од најубавите домови на светот.

Џенифер Анистон која го прославила 55 роденден, веќе со децении за многумина е една од омилените холивудски актерки, а истото може да се каже и за Бред Пит.

Затоа и не е чудно што голем број од оние кои ги следат на социјалните мрежи во светот на шоубизнисот, сѐ уште се сеќава на времето кога биле пар.


Бред и Џенифер се венчале во 2000 година на бајковита венчавка во Малибу.

Нашироко тогаш се пишувало за нивната свадба, сите ѕвезди се нашле на списокот на повикани.

Кратко време после венчавката, Бред и Анџелина се сместиле во скапоцена вила на Беверли Хилс.


Имотот во којшто тогаш живееле и денес важи за еден од најслатките домови на познатите.

Куќата е изградена во француски, нормандиски стил во 1934 година и тоа за познатиот актер Фредрик Марк, пишува „Бизнис инсајдер“.

Се протега на 12.000 метри квадратни, а се наоѓа во најелитниот дел во Лос Анџелес.

Бред и Џенифер повеќе од три години ја средувале вилата по свој вкус.


Стариот кујнски под тие го замениле со мермерно греење, направиле бар, кино, тениски терен, како и дел за гости.

После разводот во 2005 година Анистон и Пит ја продале куќата за 28 милиони долари. Подоцна на пазарот во еден момент таа достигнала цена од неверојатни 56 милиони долари за во 2020 година да биде продадена за „скромни“ 32,5 милиони долари.