[ФОТО] Зграда во Шведска ја носи титулата „најгрда“: Локалните жители велат дека изгледа како коронавирус

Точка

10/02/2024

16:42

105.179

Големина на фонт

а а а

Дизајнот на зградата „Ting1“ отстапува од европските норми, а го потпишува признатиот шведски архитект Герт Вингорд.

Станбената зграда го дели мислењето меѓу Швеѓаните откако беше изградена во 2013 година на брегот на Ботнискиот залив.

Противниците на модернизмот ја нарекуваат најгрдата зграда во шведскиот град Орнсколдсвик и провинцијата Ангерманланд.


Други пак, ја фалат нејзината иновативна конструкција и необичниот дизајн.

„Ting1“ се состои од 11 ката, 51 стан и 78 испакнати стаклени балкони со впечатливи бои, сместени над трикатна бетонска зграда во необруталистички стил, изградена во 1967 година.


И не, нема физички контакт помеѓу двата дела благодарение на дискретно поставената база во дворот на старата судница, на која е изграден облакодерот.

Изгледа како коронавирус

Шведскиот архитект Вингорд црпел колористичка инспирација за зградата од пикселизираната верзија на сликата „Женски танц“, масло на платно, на локалниот уметник Бенгт Линдстром.


Поради испакнатиот изглед и светлите бои, локалните жители ја нарекоа зградата „Лего куќа“, а некои тврдат дека ги потсетува на коронавирус гледан под микроскоп.


„Ting1“ е изграден на енергетски ефикасен начин во централниот дел на Орнсколдсвик - на 10 минути пешачење од железничката станица.

И додека можете да ја разгледате фасадата кога и да посакате, за да ја видите внатрешноста на зградата треба да бидете станар или пријател на некој што живее таму, пренесува „Punkufer.hr“.