Путер жолта - новата хит боја за сезоната што следи
Од мноштвото нијанси што владееле и ќе владеат од сезона во сезона, на ред дојде една интересна боја - путер жолта.
Суптилна, нежна и како создадена за денови кога ја сакаме сончевината поблиску до нас.
Токму затоа се претпоставува дека оваа нијанса ќе биде хит за пролетта. На облеката ѝ дава свежина, разиграност и по малку детски шарм.
Создадена е за опуштен, кежуал стајлинг кога сакаме да избегаме од конвенционалното. Дозволува да ја комбинираме со различни бои, од слични на неа па сè до целосно спротивни тонови.
Мала путер-жолта доза на инспирација во продолжение.




















