Седум работи што никогаш не треба да се чуваат над фрижидерот

Точка

02/02/2024

21:08

4.097

Големина на фонт

а а а

Кога човек има мала кујна, мора да биде креативен со користење на секој сантиметар од оваа просторија. Сепак, иако изгледа сосема нормално, некои работи не треба туку-така да ги оставате на горниот дел од фрижидерот.

Имено, експертите за безбедност тврдат дека ставањето одредени работи на фрижидерот не е добра идеја. Всушност, најдобро би било тој дел од вашата кујна да остане празен.

Постојат многу причини зошто не треба да го користите горниот дел од фрижидерот, но една од нив е дефинитивно протокот на воздух. Пожарникарот Џеј Флин од Денвер вели дека фрижидерот испушта топлина при процесот на ладење и замрзнување на храната и дека таа топлина мора да оди некаде. За да се распрсне, фрижидерите имаат кондензатори кои можат да бидат сместени на врвот, во зависност од моделот.


Исто така, експертот за безбедност Ребека Едвардс наведува дека оставањето на работите врз фрижидерот може да го скрати животот на вашиот фрижидер, но тоа не е сѐ. Прекумерното акумулирање на топлина може да доведе и до пожар.

Леб

Лебот и другите печива брзо се расипуваат, а ако ги оставите над фрижидерот можете само дополнително да го забрзате процесот. Протокот на воздух е топол, што ја суши храната и може да ја направи застоена.


Книги за готвење

Иако не е храна, ниту книгите за готвење не треба да ги чувате над фрижидерот, бидејќи тие претставуваат опасност од пожар. Хартијата и другите запаливи предмети не треба да се чуваат на уред кој е во секојдневна работа. Ова правило важи и за хартиени крпи.

Мали апарати

Оставањето на апарати што не се користат секојдневно, како што се електрични ѓезвиња и фритези, може да стане потенцијален проблем. Работите како апарат за кафе, тостер или фритеза можат совршено да се вклопат на врвот на фрижидерот, но лесно може да се движат и да паднат. Секогаш кога ја отворате и затворате вратата, апаратите по малку се поместуваат, потенцијално доближувајќи се до работ на фрижидерот.


Кутии со житарици

Понекогаш кутиите со житарици не можат да се сместат во шкафовите, па луѓето често ги оставаат на врвот на фрижидерот. За жал, ниту ова не е добра идеја. Лесните и нестабилни кутии со житарици носат три опасности. Тие се запаливи, ја блокираат вентилацијата и можат да паднат врз вас или зад фрижидерот.

Свежи производи

Примамливо е да имате корпа на врвот на фрижидерот за работи како компири и кромид, но тоа е грешка. Ставањето свежа храна на врвот на фрижидерот може да го забрза нејзиното расипување.


Вино

Виното не треба да го оставате на топли површини бидејќи за само 30 минути може сериозно да се оштети аромата, вкусот и бојата на виното. Ниските температури во фрижидерот исто така не се добри за долгорочно чување.

Зачини

Како и виното, на зачините им треба соодветно складирање за да ја задржат својата врвна свежина и вкус. За разлика од виното, зачините со годините не се подобруваат. Во најдобар случај, имате околу една до четири години да ги искористите. Чувањето на зачини на врвот на фрижидерот не е добар план.