Новиот тренд во дизајнот на ентериер е луѓето да ги исфрлат завесите за да го покажат својот огромен ТВ-екран, лустерите или куќната теретана.
„Голите“ прозорци се најновиот статусен симбол којшто е во тренд, а тиктокери снимаат отмени улици говорејќи дека сакаат да гледаат во домовите кои се добро средени.
Хаштагот #staresinrishpeoplewindowsnyc, прикажува низа отмени станови во Њујорк кои луѓето на интернет ги проучуваат. Непокриените прозорци често големи и импозантни, служат како проѕирно платно за богатите да ги покажат своите умешности во уредувањето на ентериерот и финансискиот статус.
Како и во текот на калвинскиот период во Амстердам кога големите прозорци биле суптилни, но јасен показател на богатството, со оглед на високиот данок на прозорци, модерните „голи“ прозорци служат за слична цел. Тие се јасен и видлив израз на богатството, вешт приказ на изобилството во денешно светло.
Тренд инспирира од хит-сериите
Четвртата сезона на серијата „Succession“ го иницирала овој тренд. Многумина биле воодушевени од станот на поткровје со 35 прозорци во сопственост на Шив Рој којшто нуди поглед кон канцелариите на Менхетен.
Обожавателите на новиот тренд велат дека овој тренд не се однесува само на прикажување на богатството туку и на практичноста. Големите непокриени прозорци дозволуваат повеќе природно светло да влезе во домот, создавајќи посветол и поотворен простор.