Ја нарекуваат „болеста на бакнежот“, но тоа не е единствениот начин на кој можете да се заразите: Кои се симптомите и како се пренесува?

Точка

30/01/2024

16:39

8.655

Големина на фонт

а а а

Мононуклеозата или моно, се однесува на група на симптоми предизвикани од вирусот Епштајн-Бар (ЕБВ).

Многу луѓе развиваат ЕБВ инфекции како деца по првата година. Кај многу малите деца, симптомите обично се отсутни или се толку благи што не се препознаваат како мононуклеоза.


Ова име го добила поради специфичниот начин на пренесување – преку плунката.

Што е мононуклеоза?

Откако еднаш ќе бидете инфицирани со ЕБВ, малку веројатно е дека повторно ќе се случи. Секое дете кое ќе добие ЕБВ веројатно ќе биде имуно на мононуклеоза до крајот на својот живот.

Меѓутоа, во развиените земји, повеќето деца не се заразуваат со овој вирус. Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), мононуклеозата се јавува во 25% од случаите кај адолесцентите кога ќе се заразат со ЕБВ, пишува „Healthline“.


Симптоми на болеста

Луѓето кои страдаат од оваа инфекција, често имаат висока температура, отечени лимфни жлезди на вратот и пазувите, како и болки во грлото. Во повеќето случаи симптомите се благи и исчезнуваат со минимален третман.

Инфекцијата обично не е сериозна и минува сама од себе во рок од еден или два месеци.

Другите симптоми може да вклучуваат:

Главоболка;

Замор;

Мускулна слабост;

Осип кој се состои од рамни розови дамки на кожата или во устата;

Отечени крајници;

Ноќно потење.


Периодот на инкубација може да биде пократок кај малите деца. Некои симптоми, како што се болки во грлото и треска, обично се намалуваат по една или две недели. Други симптоми, како што се отечени лимфни јазли, замор и зголемена слезина можат да траат неколку недели подолго.

Како се пренесува моно?

Мононуклеозата е предизвикана од вирусот Епштајн-Бар, кој припаѓа на семејството на херпеси, според ЦДЦ, е еден од најчестите вируси.

Мононуклеозата се шири преку директен контакт со плунката на заразено лице, исто така преку сексуален однос или трансплантација на органи.

Може да се заразите и ако сте биле изложени на кашлање или кивање, бакнување или делење храна или пијалак со некој кој има мононуклеоза. Обично потребни се 4 до 8 недели за да се развијат симптомите откако ќе се заразите.


Кој сè може да се зарази?

Следниве групи имаат поголем ризик од добивање мононуклеоза:

Млади од 15 до 30 години;

Студенти;

Специјализанти по медицина;

Медицински сестри;

Негуватели;

Луѓе кои земаат лекови кои го потиснуваат имуниот систем.

Секој кој редовно доаѓа во близок контакт со голем број луѓе е изложен на зголемен ризик од мононуклеоза. Поради ова, средношколците и студентите често се заразуваат.