Неодоливо крцкаво и толку вкусно: Феноменален рецепт за тенко италијанско тесто за пица

Точка

26/01/2024

16:00

19.456

Големина на фонт

а а а

Убаво подготвеното тесто е основа на секоја добра пица. Речиси и да не постои човек којшто не сака да јаде пица. Дури и оние на кои најтешко е да им удоволите, успеваат да пронајдат некој вид на пица којшто им одговара.

А, за да испадне како што треба, неопходно е пред тоа на вистински начин да го направите тестото за пица.

Ова е рецепт за тенко и крцкаво тесто за пица.

Состојки (за четири лица):

- 300 грама брашно;
- 250 милилитри топла вода;
- Една ќесичка сув квасец;
- Едно мало лажиче сол;
- Три лажици маслиново масло;
- Едно лажиче шеќер.


Подготовка:

Првиот чекор е во поголем сад да го ставите брашното, а потоа и солта и квасецот, па потоа со рака да ги помешате сите состојки.

Додека полека ја ставате водата во брашното, месете го тестото со рацете. Месете сѐ додека тестото не стане меко и лепливо.

Сега може да земете една крпа и да го покриете тестото, па така да го оставите да нарасне, околу половина час. Може слободно и повеќе, но немојте никако помалку од тоа време.

Откако тестото ќе нарасне, може да намачкате две поголеми тепсии со масло за јадење.

Сега, преполовете го тестото и потоа секое тесто поединечно кое претходно сте го намачкале со масло, лесно растегнете го по тепсијата.


Секако, мора да одлучите и која пица ќе ја правите, па во склад со тоа неопходно е да ги изберете потребните состојки.

Состојките за кои ќе се одлучите ставете ги над тестото, а потоа во однапред загреана рерна на 220 степени Целзиусови, печете ги пиците околу 15-на минути.

На здравје!