18-годишниот Луис Татерсал од Шефилд ја претворил гаражата на своите родители во свој прв стан. Тој го снимил процесот на преуредување и објавил сè на ТикТок.
На крајот, тој објавил видео на кое се гледа како изгледа неговиот нов стан кога сè било завршено. Луис ги сменил покривот и вратите од гаражата, вградил кујна и бања, поставил прозорци и додал дрвени подови, кревет, клима уред, растенија ... Вводоинсталатерите и електричарите само провлекле цевки и жици низ подот пред изолацијата и поставувањето на подот.
Татерсал воодушеви многу следбеници кои му напишале во коментари дека би сакале тој да им уреди неколку простории во домот. „Направив сè во согласност со градежните прописи. Секој кој е заинтересиран за преуредување на својата гаража или нешто слично, ја преземам работата за оваа година, па испратете ми порака“, порачал тој.
„Daily Mail“ пишува дека родителите на Луис платиле за материјалите, а тој вредно работел на реновирањето секој ден после работа. 18-годишникот има намера да плаќа кирија, струја и вода додека живее во овој простор.