Оваа неверојатна чорба на растителна база е преполна со витамини, минерали и растителни влакна.
ТикТокерот Карли Бодруг гледал документарец за навиките на луѓето во сините зони кога забележал дека тие секојдневно јадат „минестроне супа“ полна со зеленчук.
Камен темелник на исхраната на стогодишниците се намирниците од растително потекло, како што се грав, мешунки, житарици, а доктор Тим Тиутан кој го следат милиони на социјалните мрежи, потврдил дека оваа супа е навистина здрава.
„Оваа неверојатна супа на растителна база е полна со витамини, минерали и растителни влакна. Зеленчукот е богат со растителни влакна кои помагаат во контрола на нивото на шеќер во крвта, го намалуваат холестеролот, го подобруваат здравјето на цревата, помагаат во контрола на тежината“, објаснил тој.
Состојки:
- Морков;
- Целер;
- Кромид;
- Компир;
- Зачини;
- Лук;
- Бујон;
- Грав;
- Босилек.
Подготовка:
Карли вели дека првиот чекор е сите состојки да се исечкаат на коцки. Потоа во големо тенџере пропржете го лукот и кромидот, па додадете ги морковот, целерот, компирот, зачините. Кога компирот и морковот ќе омекнат, во тенџерето додадете го бујонот и гравот.
Кога водата ќе почне да врие, намалете го огнот и варете ја супата уште половина час.
Украсете со свеж магдонос и уживајте.
На здравје!