Вкупно 23.843 Палестинци загинаа во израелските напади, вели Министерството за здравство на Газа

Макфакс

13/01/2024

13:52

1.176

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, ги објави своите најнови податоци за бројот на загинатите во палестинската енклава.

Вкупно 23.843 Палестинци се убиени, а 60.317 се ранети во израелските напади врз Газа од 7 октомври, се вели во соопштението.

Меѓу нив се 135 убиени и 312 ранети во последните 24 часа, додаде Министерството.