„Нова година, нов јас“ е фразата која ни се враќа како мантра секоја година, кога јануари ќе стапне на сцена.
Ова е совршено време за воведување нови навики, трансформации и средување на гардероберот. Почетокот на годината исто така е одлично време да го освежите ентериерот. Просторот во којшто се чувствуваме добро на крајот е најдобрата инвестиција.
Најмодерните бои за ентериерот за 2024 година
Почетокот на годината потсетува на трансформации во ентериерот. Некои луѓе одлучуваат да го реновираат цел стан, а останатите се задоволни со малите измени кои ќе додадат малку освежување во просторот. Само промената на еден ѕид може да направи чуда.
Кои бои ќе бидат најмодерни во 2024 година?
Според зборовите на експертите на Институтот Пантоне, новата година најдобро е да ви биде обоена во боја на праска.
„Peach Fuzz прикажува наша желба да се негуваме себеси и другите. Станува збор за деликатна нијанса на праска чиј дух го збогатува умот, телото и душата“.
Бојата претставува свеж пристап на новата димензија на суптилност, топла е и пријатна. Во атмосферата внесува хармонија и мир во секој ентериер.
Паметната употреба на боите може да се види и во ѕидовите покриени со шарени полици, кујна во длабока нијанса на зелена или сина или нијанси на розова или бордо.
Трендови во дизајнот на ентериер за 2024 година – мебел со кружен облик
Во 2024 година во дизајнот на ентериер треба да имате функционалност и удобност. Наместо мебел со строги, остри рабови, бирајте мебел од меки ткаенини со облици кои се однесуваат на ретро естетиката. Софи, фотелји и мебел со кружен облик ќе бидат модерни годинава.