Актерот Мел Гибсон неодамна беше снимен во јавност како се шета со помош на бастун и ортопедска чизма.
Имено, актерот отишол на вечера со својата ќерка Лусија во ресторанот „Taverna Tony“ во Малибу. Според медиумите, најверојатно тој е повреден за време на снимањето на филмот Смртоносно оружје 5.
Актерот, кој неодамна го прослави својот 68 роденден, за лежерната пригода облекол сиви панталони, карирана кошула и сина јакна. На ногата без ортопедско помагало носел чорап и сандала.
Медиумите ги контактирале неговите претставници за коментар, но сè уште не добиле одговор.
Инаку, Гибсон во 2021 година потврди дека ќе биде во главната улога на филмот „Lethal Weapon 5“, но и дека ќе биде задолжен за режијата. Во тоа време, тој изјавил дека сака да му оддаде почит на оригиналниот режисер, покојниот Ричард Донер, кој го напиша сценариото и требаше да го режира филмот пред неговата смрт. Тој истакнал дека Донер исто така му кажал на студиото дека сака Гибсон да го режира продолжението.