На Нов Зеланд работат на монструм побрз од модерната Формула 1

Точка

09/12/2023

10:36

4.802

Големина на фонт

а а а

Облечен во тркачки комбинезон, Дејвид Дикер, не криејќи го задоволството, излегол од кокпитот на возилото кое повеќе личи на Бетмобилот отколку на спортски автомобил.

„Тестот мина многу добро и направивме цела програма. Возбудени сме што проектот „FZero“ влегува во нова фаза. Ова е автомобил на кој нема сличен“, рекол човекот кој веќе е во поодминати години. Тој, инаку, не е тест-возач, туку сопственик на компанијата „Rodin“ која го развива автомобилот кој го возел. И не само на таа компанија. Дејвид Дикер има информатичко царство и еден од најбогатите луѓе во Океанија, чие богатство се проценува на речиси милијарда долари.

За Дејвид Дикер пошироката јавност дознала кога оваа година се обидел да влезе во Формула 1. Тоа бил негов втор обид, повторно неуспешен. Најпрво сакал да го купи тимот „Williams“ што не му успеало, а потоа – купувајќи ја успешната британска компанија „Carlin“, оваа година се пријавил на FIA натпреварот за нова Ф1 екипа. Не поминал, бидејќи „FIA“ одлучила дека кандидатурата ја заслужува конзорциумот на Михаел Андрети. Тоа го разбеснило Дикер кој сметал дека има најдобра програма – прва екипа од јужната хемисфера, а ветил и дека ќе има жена возач.


Мотор од 1013 коњски сили

Така Дикер повторно се фокусирал на производство на автомобил кој ќе биде најбрз на светот. И тоа не електричен. Во автомобилот „Rodin FZero“ работи V10 монструм од четири литри, со два турбо-полначи, дизајниран од Дејвид Дикер лично, а развиен од британскиот специјалист „Neil Brown Engineering“. Моторот го добил името „RC-TEN“, развива дури 1013 коњски сили со 700 Nm вртежен момент, а со него автомобилот во стандардната изведба би требало да има најголема брзина од 360 километри на час.


Секако дека автомобилот е предвиден за користење на тркачка патека, а целта на Дикер била едноставна: Да направи возило без никакви ограничувања и правила, кое ќе биде побрзо од Формула. Звучи невозможно, но бизнисменот тврди дека ќе биде така.




Спонзорирани линкови

Маркетинг