Се фалела со свадбата од 54 милиони евра, а потоа се случил епски скандал: Младоженецот толку многу ја посрамил невестата, што таа веднаш ги исклучила сите социјални мрежи

Точка

08/12/2023

19:56

11.441

Големина на фонт

а а а

Венчавката на Медлин Броквеј (26), наследничката на најуспешниот синџир за продажба на автомобили во Флорида и нејзиниот избраник Џејкоб Лагрон, чинела астрономски 54 милиони евра (59 милиони долари) и била апсолутна сензација на социјалните мрежи.

По гламурот, изнајмувањето на Версајскиот дворец, приватните авиони и камиони, Медлин ги исклучила сите социјални мрежи бидејќи нејзиниот сопруг бил уапсен.

Џејкоб Лагрон (29) бил обвинет дека на 14 март годинава во Тексас нападнал и наводно пукал на полицајци.

Тројца полицајци одговориле на повикот за нарушување на јавниот ред и мир на адресата на Лагрон на почетокот на годината, а потоа, како што пренесува „The Post“, тој пукал во полицајците.

„Лагрон свесно се заканувал и свесно сакал да нанесе повреди со огнено оружје“, пишувало во обвинението. Во четвртокот Џејкоб се појавил на суд и во моментов се соочува со затворска казна. Неговата сопруга Медлин Броквеј не присуствувала на судењето, како што пренеле „NBC News“.

Парот се прославил на социјалните мрежи кога се појавиле снимки од венчавката која чинела 54 милиони евра.


Таткото на Медлин Броквеј, Боб Броквеј, е директор на Аутомотив Групацијата, а мајката Пола Броквеј, заменик-претседател на Корал Багес, претставник на Мерцедес Бенз Флорида. Во август завршиле на насловните страници за продажба на два имоти вредни 150 и 700 милиони долари.

Медлин Броквеј, по потекло од Мајами, по средното училиште се преселила во Тексас, каде што го запознала својот иден сопруг.

На мултимилионската венчавка, која чинела 59 милиони долари, гостите ги забавувала групата Maroon 5 и фронтменот Адам Лавињ. Церемонијата вклучувала ручек во Диор, изнајмување на оперската куќа – Опера Гарние во Париз, приватни авиони, па дури и Версајскиот дворец.