[ВИДЕО] 32 години од светската титула на Панчев и Најдоски со Црвена звезда

Макфакс

08/12/2023

15:06

2.837

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 32 години, на 8 декември 1991 година во Токио, фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Коло Коло од Чиле со 3:0 и станаа светски шампиони.

Звезда како шампион на Европа го победи шампионот на Јужна Америка и освојувач на Купот Либертадорес во борбата за тогашниот трофеј на Интерконтиненталниот куп.

Светската титула го заокружи еден од најсветлите периоди во историјата на црвено-белите.

Шест месеци по триумфот во Бари против Олимпик од Марсеј на пенали (0:0, 5:3) и освојувањето на титулата европски првак, со новиот тренер Владица Поповиќ наместо Љупко Петровиќ, тимот на Звезда испиша историја. Звезда на тој начин ги обедини двата најважни фудбалски трофеи во клупското натпреварување.

Пред 60.000 гледачи во главниот град на Јапонија, во црвено-белиот дерси играа Дарко Панчев и Илија Накдоски, а блескаше најмладиот на теренот, тогаш 22. годишниот Владимир Југовиќ.

Тој ги постигна првите два гола во 19. и 58. минута, а точка на натпреварот стави Панчев во 72.минута. Црвена звезда два гола постигна со фудбалер помалку бидејќи Дејан Свиќевиќ беше исклучен во финишот на првото полувреме.

Црвена звезда настапи во состав: Милојевиќ, Радиновиќ, Василијевиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Стошиќ, Ратковиќ, Панчев, Савиќевиќ, Михајловиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг