Што да правите кога некој ќе ве издаде, разочара или повреди? Одговорот на ова прашање го дал Лав Толстој.
Предавството може да зададе голема болка, особено доколку сме го доживеале од некој којшто ни бил многу близок.
Главно тоа е личност за која не сме ни можеле да претпоставиме дека ќе направи нешто такво. По предавството, најниската емоција која човек може да ја почувствува е немоќта.
Токму таа емоција може да доведе до незгодни ситуации, а она на што многумина помислуваат е одмаздата.
Меѓутоа, експертите за човекова психа истакнуваат дека никако не треба да се одмаздуваме, па колку и да сме повредени.
Во дневникот на Лав Толстој пронајден е мудар запис за тоа како да се носите со огорчувањето.
„Вечерва размислував за оној стар рецепт против тага и огорченост“, напишал Толстој.
1. Размислете колку тоа ќе биде неважно за 10, 20 години, како што сега станало неважно нешто што ве мачело пред 10, 20 години.
2. Запамтете што сте направиле сами, запамтете ги работите кои не се ништо подобри од оние кои ве вознемириле.
3. Размислете за сто пати најлошата работа која би можела да се случи.
Следниот пат кога сте лути, тажни или разочарани, потсетете се на овие три наведени работи кои ни ги остави Толстој во аманет.