[ФОТО] На премиерата на филмот сите погледи биле вперени во неа: Носела бела лелеава креација, но особено внимание привлекол овој детаљ

Точка

07/12/2023

17:30

5.549

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сијара (38) се појави на премиерата на долгометражниот филм „The Color Purple“ и гордо го покажа трудничкиот стомак. Судејќи по фотографиите, таа „ситно брои“ до раѓањето.

Сите погледи биле вперени во неа и нејзината лелеава модна комбинација, а особено интересен детаљ бил нејзиниот труднички стомак кој бил украсен со златни ливчиња.

Таа го очекува своето четврто дете, и трето со сопругот Расел Вилсон, фудбалската ѕвезда на Денвер Бронкос.


Необичната комбинација од бела долга кошула откопчана во пределот на стомакот и лелеавите панталони ги воодушеви сите присутни, а нејзината колешка Тараџи Пи Хенсон во еден момент го бакнала нејзиниот стомак пред фотографите.


Шминката во земјени тонови била ефектна и нагласена и ги истакнала убавите црти на пејачката. Сијара го комплетирала изгледот со впечатлив пар златни обетки и голем прстен како и бели салонки кои одлично одговарале на целиот стајлинг.