[ФОТО] Модната дизајнерка е вистинска „бомба“ во бикини, oсобено кога ќе излезе од море...

Точка

07/12/2023

15:53

4.659

Големина на фонт

а а а

Модната дизајнерка се опуштала на плажа во Сиднеј и воодушевила со своето совршено и извајано тело.

Австралиската модна дизајнерка Пип Едвардс која е коосновач на модниот бренд „P.E. Nation“ и заговорничка на здравиот начин на живот, редовно вежба и внимава на исхраната, па не е ниту чудно што има тело од „милион долари“.

Таа има 40 години и е сопственичка на перфектни стомачни мускули, затегнат задник, совршени нозе... Па, често привлекува големо внимание кога и да е во бикини.

Папарацо фотографите овојпат ја фотографирале на плажа во Сиднеј, додека самата уживала опуштајќи се во сонцето и водата.

На социјалните мрежи можеме да видиме како изгледа и во елегантно издание и во теретана, но мажите сепак најмногу сакаат да ја гледаат во бикини.