Предлог ручек: Посен гулаш од печурки кој ќе го правите и во текот на мрсните денови - едноставно превкусен

Точка

05/12/2023

12:53

10.118

Големина на фонт

а а а

Гулашот е еден од омилените специјалитети, но бидејќи почна период на пост, добро е да се најдат алтернативни опции за ваквите вкусни јадења.

Гулашот од печурки е една од тие замени, а доколку сте љубители на ова јадење, сигурно ќе ја подготвите и оваа посна варијанта.

Рецептот е едноставен и не бара многу време за припрема.

Потребни состојки:

- 450-500 гр. шампињони
- 1 поголема црвена пиперка
- голема шолја доматен сос
- 1 главица црвен кромид
- 1 лажица сува зачинска пиперка
- сол и бибер


Подготовка:

Шампињоните исчистете ги и исечкајте ги на четвртина.

Потоа исчистете го црвениот кромид и исечкајте го на ситни коцки, а потоа и црвената пиперка.

Пропржете ги овие состојки на среден оган, а потоа додајте малку сол и бибер. Мешајте додека зеленчукот се динста, а потоа додајте ја и зачинската пиперка. Ако испари водата од печурките, слободно додајте уште малку вода.

На крај додајте го сосот од домати и преклопете го тенџерето. Оставете да се крчка 15 минути на тивок или среден оган.