Трејлерот потврдува многу ситни детали, кои во текот на претходните две години се појавиле за играта „GTA VI“. Тоа го вклучува и дејството кое се случува во Вајс Сити, како и главниот лик кој за прв пат во серијалот ќе биде жена.
„Rockstar Games“ го прикажа првиот трејлер за наредната игра во рамките на серијалот „Grand Theft Auto“.
Помалку од еден ден пред „Rockstar Games“ да го објави првиот трејлер за „GTA VI“, еден (сега суспендиран) профил на платформата „X“ го објавил трејлерот.
„Rockstar“ брзо реагирал и објавил трејлер на својот официјален канал на „YouTube“.
Трејлерот потврдува многу ситни детали, кои во текот на претходните две години се појавиле за играта „GTA VI“. Тоа го вклучува и дејството кое се случува во Вајс Сити, како и главниот лик кој за прв пат во серијалот ќе биде жена.
На крајот на трејлерот дознаваме дека е планирано „Grand Theft Auto VI“ да биде објавен во текот на 2025-та година, а во соопштението „Rockstar Games“ истакнал дека играта ќе дојде на „PS5“ и „XBox Series X/S“.
Our trailer has leaked so please watch the real thing on YouTube: https://t.co/T0QOBDHwBe
— Rockstar Games (@RockstarGames) December 4, 2023
Трејлерот на „GTA VI“ го содржи тоа што го очекувавме – брзи автомобили, оружје, незаконски стекнати пари и сите други елементи на Америка – сместени во окружението на Вајс Сити, измислената верзија на Мајами.







