Во периодот на пост важно е да ја гледате нутритивната вредност на намирниците кои ги внесувате во организмот.
Рибата е важна и кога не се денови на постот, а еден вид е многу поздрав од стандардната пастрмка и крап, притоа и со цена е подостапна.
Во периодот на пост, рибата е главна намирница во менито на верниците. Освен што е здрава, вкусна и може да се подготви на различни начини, таа брзо и лесно се прави.
Без оглед на тоа дали повеќе сакате речна, езерска или морска риба или некои други морски плодови, секој вид изобилува со богатство на хранливи материи, пред сѐ витамини, минерали и аминокиселини.
Една риба може да се најде во поголем дел од трговските ланци и тоа за евтина цена, а притоа таа содржи повеќе протеини, а помалку калории. Станува збор за морската риба ослич.
Осличот има мала енергетска вредност, па се вбројува во диететски намирници. Сто грама ослич содржат 80 отсто вода, 0,85 отсто масти и 17,2 грама белковини. Таа е богата со витамини Б1 и Б2, калиум, калциум и фосфор. Позитивно влијае на коските и работата на мозокот.
Осличот е најраспространетата риба на Јадранот која расте до еден метар и може да тежи до 15 килограми. Најчесто живее во поголемите морски длабочини на песочно дно. Таа се храни со сите риби и ракови. Има посебно меко, немасно и вкусно бело месо. Најчесто се пржи на масло или се пече на скара. Се користи и за подготовка на чорби и супи, а многу е вкусна и кога е сушена.
Оние кои имаат проблем со холестерол, осличот содржи само 0,3 грама масти и е богата со омега 3 масни киселини кои поволно делуваат на срцето.