[ФОТО/ВИДЕО] Ова е една од најубавите статуи: Изградена е за да го „чува цел свет“

Точка

04/12/2023

19:16

3.564

Големина на фонт

а а а

Една од највисоките статуи во Кина ќе ја најдете на јужното крајбрежје од островот Хаинан, недалеку од приморскиот град Санја којшто туристите со задоволство го посетуваат поради прекрасната природа, како и интересната традиција.

На југот од Кина се наоѓа една од најимпресивните статуи на светот – Гуанјин од Наншан, висока е 108 метри, направен од легура на титаниум.

Ќе го најдете на јужното крајбрежје од островот Хаинан, во културно-туристичката зона Наншан која туристите сакаат да ја посетуваат поради природата, планините и плажите, интересната традиција и културата и особено мирната атмосфера.

Кинеската статуа која е една од најзначајните атракции во тој дел од земјата претставува будистичка божица на милосрдието и симболизира сочувство, а будистите веруваат дека таа ги слуша молитвите и ги штити луѓето, но и ги ослободува од патење. Гуанјин од Наншан има три страни – првата страна држи лотос, втората страна држи будистички дијаманти, а третата бисерите на Буда.


Страната на статуата свртена кои Јужното кинеско море претставува благослов кон Кина и целиот свет. Обожуван ширум Азија, Гуанјин е познат и под други имиња: Канон (јапонски), Гван-еум (корејски), Куан Ам (виетнамски).

Статуата била завршена во 2005 година, после шест години градење кога на церемонијата дошле над стотина будистички монаси и десеттина илјади верници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг