Хамилтон: Не би ми значела многу титула со Ред Бул

Макфакс

04/12/2023

16:16

21.961

Големина на фонт

а а а

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон неодамна го продолжи договорот со тимот на Мерцедес, иако во последните две сезони нема ниту една победа во Формула 1.

„Со потпишувањето на договорот покажав колку сум посветен на тимот. Секако, секој возач сака да биде во победничкиот тим и верувам дека заедно ќе најдеме начин повторно да бидеме најдобри“, изјави Британецот.

Во последно време се зборуваше дека Хамилтон се понудил на Ред Бул, но го негираше тоа.

„Ред Бул моментално го има најдобриот болид и не велам дека не би сакал да почувствувам како е да се вози Ред Бул. Сепак, искрено, титулата со нив не би ми значела многу. Би било поубаво за мене да направам нешто со Мерцедес преку еден процес каде што ќе го победиме Ред Бул“, рече Хамилтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг