Од неовластено прислушкување, држење оружје, даночно затајување: МВР за Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања

Макфакс

04/12/2023

16:09

6.769

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи со појаснување за тоа кој е и какво криминално досие има осомничениот за трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо.

„Во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, во 2019 година против него е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник“, соопшти МВР.

Појаснуваат дека во 2020 година против осомничениот е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.


„Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување“, велат од МВР.

Палевски е во бегство, а како што истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој на 30 ноември побегнал во Србија, од каде отишол во Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг