[ВИДЕО] Сопственичка вдомила напуштена мачка, погледнете како реагирал нејзиниот питбул на тоа

Точка

04/12/2023

16:41

4.156

Големина на фонт

а а а

Сопственичката на питбулот Бела и мачката Делулу, Хана Венцел, открила во интервју за „Newsweek“ дека ја вдомила Бела во 2017 година и не била сигурна како нејзиното ново милениче ќе се сложува со други животни.

Бела живеела сама со својата сопственичка, сè додека пред два месеци таа не одлучила да донесе дома една напуштена мачка, која ја нарекла Делулу, или скратено Лулу.

„Ја донесов дома со намера да ѝ најдам постојан дом или засолниште за животни, бидејќи не бев сигурна како ќе се чувствува Бела со новата мачка“, вели Хана.

„Ја однесов на ветеринар и полека започнав да ја запознавам со Бела. За неколку недели тие почнаа да се галат заедно и сега се најдобри пријателки“.

Венцел на својот профил на ТикТок сподели видео од Бела и Лулу, кое стана вирално на социјалната мрежа.


Домашните миленичиња на Хана собраа над половина милион прегледи и бројни коментари на ТикТок.

„Добро, зошто плачам?“, „Нашиот питбул реагираше исто“, „Пријателки за цел живот“, „Преслатки“, „На сите нѝ се потребни пријатели“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг