Таа е „кралица на есента“: Идеална е за време на постот, хранлива и полна со витамин Ц

Точка

04/12/2023

17:06

6.724

Големина на фонт

а а а

Тиквата е идеална намирница за консумирање во овие денови. Може да се јаде варена или печена, а може од неа да се направи и сок.

Како и да ја консумирате, предностите на оваа намирница се безбројни, добра е за кожата, хидрира, го јакне имунитетот и полна е со витамин Ц.

Од тиквата можат да се подготват и солени и слатки јадења, може да се јаде жива, динстувана, печена, пржена, а на организмот исклучително благотворно делува и свежо цедениот сок од тиква.


Овој моќен зеленчук е неизоставен дел од нашите трпези кога ќе дојде студеното време, а особено сега во периодот на пост.

Лековитите својства на тиквата се бројни, поради што во време на вируси и настинки особено се препорачува, а експертите велат дека би било мудро да се јаде најмалку три пати неделно.

Го јакне имунитетот

Тиквата е богата со витамин Ц (една чаша тиква содржи до 11 милиграми од овој витамин) којшто игра важна улога во зголемување на отпорноста на организмот на инфекции. Исто така таа содржи и цинк, а овие два нутриенти се исклучително важни за здравјето на имуниот систем.

Го чува срцето

Редовната употреба на тиквата може да го намали нивото на „лошиот“ холестерол којшто директно влијае на срцето. Освен тоа, овој зеленчук содржи голема количина магнезиум којшто го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен и срцев удар.


Помага во слабеењето

Варена и печена или свежо цеден сок од тиква, спаѓа во диетална храна која се препорачува на гојазните луѓе, на дијабетичарите како и на оние кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево.

Истражувањата покажале дека исхраната богата со хранливи растителни влакна од тиквата го намалува апетитот, а истовремено обезбедува доволно калории.




Спонзорирани линкови

Маркетинг